Зеленски: Целите на Украина остануваат непроменети
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ставот и целите на Киев остануваат непроменети, и покрај најавите за претстојните референдуми во самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР), како и во регионите Херсон и Запорожје.
– Позицијата на Украина не е променета поради „некоја врева” од Русија и нашите партнери целосно нè поддржуваат во тоа”, рече Зеленски во синоќешното видео-обраќање.
Тој рече дека „ставовите на Украина се јасно дефинирани и добро познати” и тоа е она што треба да биде во фокусот.
Зеленски повика и на „поголема поддршка за вооружените сили на Украина, разузнавачките служби, силите за специјални операции, Службата за безбедност на Украина, Националната гарда, полицијата, граничарите, сите оние кои постепено го враќаат територијалниот интегритет на Украина”.
Тој нагласи дека во ова наидува на разбирање не само кај сојузниците, туку и кај оние земји кои се обиделе да се држат настрана од конфликтот што се води во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…