Објавено на:

Зеленски ќе преговара со Русија, но поставува услови до Западот

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен за преговори со Русија, но само ако западните партнери му обезбедат безбедносни гаранции. Во интервју за британската телевизија ИТВ Њуз, Зеленски посочи дека ако добие јасни гаранции дека САД и Европа ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, тој ќе биде подготвен да се вклучи во било кој формат на преговори.

„Ако имам уверување дека Америка и Европа нема да нѐ напуштат, туку ќе продолжат да нѐ поддржуваат и ќе ни дадат безбедносни гаранции, би бил подготвен за секој формат на преговори“, изјави Зеленски.

Претседателот на Украина нагласи дека, според неговото мислење, војната може да заврши до 2025 година, но тоа ќе се случи само ако се зајакнат санкциите против Русија и ако Украина добие конкретни безбедносни гаранции.

„Не прифаќаме замрзнување на конфликтот, бидејќи тоа само ќе го одложи новиот бран на агресија“, изјави Зеленски, додавајќи дека ако Русија ја задржи контролата врз окупираните територии, тоа ќе се смета за неказнивост и ќе доведе до нова војна во иднина.

Тој ја истакна потребата од праведен мир, кој ќе се заснова на меѓународното право и ќе ги земе предвид интересите на Украина, а не само интересите на трети земји.

Зеленски исто така изрази уверување дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да се стави крај на војната во Украина.

Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не потврди и не демантираше дека имал телефонски разговор меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…

Акиов и се извини на службеничката за…

По насилниот инцидент на денешната седница на…

Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…