Зеленски: Mногу сметаме на поддршката од САД на патот кон мирот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина „работи со САД и Европа за постигнување мир“, јавуваат медиумите.
„Работиме заедно со Америка и европските партнери и многу сметаме на поддршката од САД на патот кон мирот. Потребен е мир што е можно поскоро“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Зеленски истакна дека Украина го продолжува дијалогот со партнерите и како што наведе, наскоро се очекуваат натамошни чекори во оваа насока.
Тој нагласи дека украинската страна се обидува својата дипломатија да ја направи „смислена и фокусирана на што поскоро завршување на оваа војна“, пренесува Танјуг.
Зеленски истакна дека Украина бара „вистински мир, а Украинците го сакаат тоа најмногу од сè, бидејќи војната ги уништува нашите градови и села, ние го губиме нашиот народ“.
Тој додаде дека е неопходно да се запре војната и да се гарантира безбедноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Се бара оставка на Владата: Бројни…
Во центарот на Скопје, во близина на…
Како Кина и Русија го изневерија Иран?
Во актуелниот конфликт меѓу Израел и Иран,…
Мицкоски најави инфраструктурен бум: „Веќе вклучуваме во…
Во оваа тешка година имаме резултати зад…
Трамп: Израел и Иран се согласија на…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е…
Србија и продавала оружје на Украина
Српското Министерство за одбрана објави дека „во…