Објавено на:

Земале пример од Македонија: Бразилските власти ги прогласија демонстрантите кои упаднаа во Парламентот за терористи

t

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и претседателите на Конгресот и Врховниот суд денеска го оценија како „терористички чин” упадот на приврзаниците на екстремната десница во државните институции во Бразил.

Тие во заедничка изјава наведоа дека ќе ја бранат демократијата.

„Владата, гарант на демократијата и Уставот од 1988 година, ги отфрла актите на тероризам, вандализам на криминалците и пучистите, што се случија вчера во Бразилија„, се вели во заедничката изјава.

Поддржувачите на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро вчера упаднаа во Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд.

Демонстрантите протестираа против враќањето на власт на левичарскиот претседател, кој го победи Болсонаро во вториот круг од 30 октомври.

Бразилските безбедносни сили уапсија околу 1.200 луѓе поради упадот на приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро во Конгресот, Врховниот суд и во претседателската палата во Бразилија, јавува Би-би-си.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бразилскиот претдедател го обвинува Израел е за…

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва…

Бразил со војска на аеродромите и пристаништата…

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва…

Бразилскиот Конгрес бара истрага против Болсонаро за…

Комитет во бразилскиот Конгрес вчера официјално побара…

Бразилскиот претседател го кани Путин во земјата…

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва…

Најмалку 39 загинати во циклонот што го…

Најмалку 39 лица загинаа, а девет се…