Земјоделците во Пелагонија се подготвуваат за есенска сеидба
Во средината на септември и на крајот на месецот настапува поволен период за сеење на есенските посеви, посочуваат земјоделци од битолскиот дел на Пелагонија.
Во овој период, земјоделците вршат предсидбената подготовка на почвата и ѓубрење на површините, а кон 10 септември ќе се сее семе од зелена салата, ротквици, спанаќ и магдонос.
-Сега задолжително се врши деконтаминација на семето на есенските посеви со препарати кои се на база на некоја од следните активни материи тирам, карбоксим, манкозеб и слично. Исто така треба да се обезбедат потребните хербициди во зависност од степенот и видот на заплевеноста, а по сеидба и пред никнување се врши мапирање на плевелите и во зависност од заплевеленоста се употребуваат некои од дозволените селективни хербициди, кои што најчесто се на база на активната материја пендиметалин. Најрано започнува сеидбата на ржта, проследено со тритикале, по што се продолжува со пченицата и јачменот, велат агро-експерти од Битола.
За десеттина денови, кон 10 септември се сее семето од зелена салата и салати кои ќе се пресадуваат кон крајот на октомври и ноември, а во текот на месецов се сеат уште и спанаќ, ротквици и магдоносот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УХМР: Денес температури до 36 степени и…
Управата за хидрометеоролшки работи за денес прогнозира…
Лажниот мит за зголемување на БДП со…
Лажниот мит за зголемување на БДП со…
Конго и Руанда потпишаа мировен договор со…
Демократска Република Конго и Руанда денес потпишаа…
Видовдeн во Белград: Можеби сè, можеби ништо
Никој не знае точно што ќе се…
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…