Земјотресот ги преплаши Хрватите: “Како да се отвора земјата”
Земјотресот што денеска беше почувствуван во областа на Ријека ги вознемири граѓаните на Хрватска и Словенија, кои оставија бројни коментари на веб-страницата на ЕМСЦ.
„Во паника скокнав од креветот, прво слабо вибрира, а потоа наеднаш се засили. Почнав да трчам надвор“, е еден од коментарите.
Како да се отвора тлото, за среќа на кратко“, е коментар од Словенија, пренесува Вечерњи лист.
Според хрватскиот весник, земјотресот најсилно бил почувствуван во областа Ријека.
Сеизмолошката служба на Хрватска соопшти дека е регистриран прилично силен земјотрес со епицентар на седум километри североисточно од Клана на границата меѓу Хрватска и Словенија.
Магнитудата на земјотресот била 4,2 степени според Рихтеровата скала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Страшни пожари ширум Хрватска!
Вчера и денеска во Хрватска, од Омиш…
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Наместо на одмор, младите Босанци одат на…
Значително повисоките плати за истата работа, но…
Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…
77-годишен маж чиј идентитет не се открива…