Зетот на Панче познава двајцата од обвинетите, со едниот учел во училиште, а другиот го познава од спорт

t

Тодор Кирков – зет на Панче Жежовски денеска во Кривичниот суд во Скопје сведочеше за убиството на таткото на неговата сопруга, Панче Жежовски.

ОБВИНИТЕЛ – што ви беше вас Панче Жежовски?

Тодор Кирков – дедо, на сопругата татко

ОБВИНИТЕЛ- комунициравте вие со него?

Тодор Кирков – ДА.

ОБВИНИТЕЛ – колку често комунициравте?

Тодор Кирков – Па, еднаш-двапати во месецот, кога бев слободен.

ОБВИНИТЕЛ – што направивте кога дознавте дека се случило нешто?

Тодор Кирков – Бев на работа, сопругата ми се јави, отидов во куќата, во дворот немаше ништо, ѝ се јавив на сопругата, клуч не носев, ми го прати син ми со такси, отворив, влегов, греалката работеше. Многу беше топло, беше 10-10.30 а многу беше топло, проверив во другите соби, ламбата светеше, мислев дека на кратко излегол нема шанси да излезе да не исклучи греалка и ламби. Отидов на работа потоа.

О – го баравте на мобилниот/

Тодор Кирков – Јас не, мобилниот ми беше на работа. Потоа баравме, да не е низ градот, после 6 пријавивме во полиција.

О – колата редовно му стоеше кај него дома?

Тодор Кирков – Да, редовно, не ја даваше на други

О – вие извршивте идентификација на телото?

Тодор Кирков – Да, јас.

О – што дознавте, кога било пронајдено телото?

Тодор Кирков – Ни се јавија од полициска станица, отидовме дома да земеме алишта, ни кажаа дека е најден гол.

О – каков човек беше Панче Жежовски?

Тодор Кирков – Добар, нормален, немаше караници со никого.

О – вие с епознавате со некој од обвинетите?

Тодор Кирков – Да, со Велибор и со Боре, со Велибор учев заедно, со Боре од спорт.

О – возилото беше во возна состојба?

Тодор Кирков – Да, сам си го поправаше, ама беше во возна состојба.

О – во каква состојба беше телото?

Тодор Кирков – Телото кога го видов беше во дупка, целото со крв.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зетот на Панче познава двајцата од обвинетите,…

Тодор Кирков - зет на Панче Жежовски…

Панче Жежовски имал спор со Велибор Манев…

На денешното судење во кривичниот суд во…

Еве како изреагирал таткото на Вања во…

Владимир Туфегџиќ, адвокат на таткото на убиената…

Судот ја испрашуваше мајката: Kога сопругот ви…

Денеска во Кривичнот суд во Скопје се…

Кога објавивте на Фејсбук дека ја нема…

Адвокатот на Љупчо Палевски - Палчо го…