Зибери: „Граѓаните доаѓаат во ситуација цел живот да бидат должници“ – половина од претставките за работата на извршителите!
Од почетокот на годинава до канцеларијата на Народниот правобранител пристигнале вкупно 450 претставки од областа правосудство, од кои половина се однесуваат на работата на извршителите, вели Зибери за ТВ 21.
Поради тоа, Насер Зибери до Владата поднел иницијатива за изготвување нацрт-закон за дополнување на Законот за извршување во делот на каматите во постапките за извршување. Неговиот предлог предвидува казнената камата да не биде повисока од основниот долг.
Омбудсманот вели дека сѐ уште не добил никаков одговор од надежните институции во однос на неговата иницијатива.
Во минатото имало обиди за враќање на долгови, но не биле толку успешни, бидејќи Владата може да им наложи на приватните компании да ги подмират долгови или камати, но не може законски да ги принуди, а голем дел од обврските се токму од овие компании – долгови за потрошена енергија, мобилни и фиксни телефонски услуги. Иницијативата е доставена до Владата, а омбудсманот очекува извршната власт и пратениците сериозно да го разгледаат неговото барање.