Зибери: Не требаше да чекаме критики од САД за да се освестиме дека ситуацијата не е добра!
Надлежните институции, пред се Судскиот совет и Советот на јавни обвинители немаат ниту подготвеност, а ниту капацитет и ресурси да ја променат состојбата во правосудниот систем, смета народниот правобранител Насер Зибери.
Според омбудсманот, потребно е властите во земјава да земат поактивна улога за ваквата состојба да се промени, која е алармантна, а довербата на граѓаните во системот на поразително ниво. Тој додаде дека најмногу претставки во однос на човековите права најмногу доаѓаат од оваа област, односно граѓаните најмногу се жалат на судовите, адвокатите и извршителите, пренесува Канал 5.
– Без некоја поактивна улога на сите сегменти на власта, тука мислам на влада собрание, судство, тешко дека ќе има некое посериозно подобрување, ние требаше да чекаме да не анализираат и ни се упатуваат критики од страната на амбасадата на САД на ЕУ за да се освестиме и отрезниме дека состојбата не е добра, вели Зибери.