Зибери: Отварањето на Уставот треба да биде за членство во ЕУ, не за бришење на 20%
Народниот правобранител Насер Зибери вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека доколку се отвори Уставот, тоа главно треба да биде за членството во Европската Унија.
Тој додава дека не треба да се наметнуваат други барања како бришење на 20% од Уставот.
„Отворањето на Уставот како услов за ефективно отпочнување на преговорите, значи по процесот на скринингот и отворањето на поглавјата и конечно еден ден завршување на тие преговори и полноправно членство во ЕУ, е капитално прашање кое сметам дека не може, не треба и не смее да се попречува со наметнување на било какви други прашања“, вели Зибери во ТВ 21.