Зимата се врати: Најстудено во Берово, измерени минус шест степени

Во Берово утрово се измерени минус шест степени, Во Крива Паланка минус три, а во Скопје минус еден, соопшти УХМР.
Дожд во изминатото деноноќиe врнел во Лазарополе, Охрид, Битола, Попова Шапка, Крушево, Прилеп.
Утрово времето е претежно облачно, во крајните југозападни делови со слаби врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Водата во Берово не е за пиење,…
Водата од водоводната мрежа во Берово може…
Пожарот почнал од кујна, направена е голема…
Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово…
Најстудено во Берово и Попова Шапка, најмногу…
Најниска темепратура од 9 степени Целзиусови утрово…
Земјотрес го стресе Берово
Земјотрес со јачина од 2,1 степен по…
(Видео) Филипче: Разочарувањето кај работниците е големо,…
Има големо разочарување од првите месеци од…