„Зимзоленд“ вечерва не работи, попладнето го посетиле инспектори на УЈП

t

Засега нема официјално известување од надлежните институции за статусот на забавниот парк, кој иако беше соопштено дека ги немал соодветните дозволи за работа, продолжи да функционира цели три недели

Забавниот парк „Зимзоленд“ во скопската населба Лисиче вечерва е затворен, откако, според неофицијални информации кои ги објави порталот „Скопје1“, попладнево таму во контрола биле инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП), кои наводно утврдиле неправилности во работењето.

Засега нема официјално известување од надлежните институции за статусот на забавниот парк, кој иако беше соопштено дека ги немал соодветните дозволи за работа, продолжи да функционира цели три недели.

Во изминатиот период во јавноста се отворија повеќе прашања поврзани со „Зимзоленд“, меѓу кои и дали содржините што се поставени се безбедни за граѓаните, но и зошто Општина Аеродром, за која беше утврдено дека е надлежна, дозволи „Зимзоленд“ да продолжи да работи.

Засега не се знае дали забавниот парк повторно ќе проработи пред и за време на новогодишните и божиќните празници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Зимзоленд“ вечерва не работи, попладнето го посетиле…

Засега нема официјално известување од надлежните институции…

Воздухот во Скопје е повторно екстремно загаден

Скопје и денеска, 23 декември, влегува во…

Удар врз стандардот на граѓаните со поскапување…

Додека граѓаните ја започнуваат Новата година со…

Жители на Серава немаат струја и ја…

Жители на населбата Серава во Чаир веќе…

Од јануари воената служба во Германија станува…

Од јануари 2026 година, во Германија ќе…