Знае ли овој човек што збоува?! Мицкоски повторно тврди дека македонското прашање не било затворено
Во Скопје свечено беше одбележана првата годишнина од формирањето на „Беломорски клуб читална“ и 80 години од формирањето на НОФ за Егејскиот дел на Македонија. Клубот обединува Македонци по потекло од Егејскиот дел на Македонија. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министри, градоначалници и други високи претставници од Владата и институциите, пренесува МКД.мк
На премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски домаќините му врачија плакета благодарност за безрезервната поддршка и помош која им ја пружа низ годините.
Присутните ги поздрави координаторот на здруженијата од Егејскиот дел на Македонија Сотир Лукровски. Тој во своето обраќање направи ретроспектива на сите содржини и настани на клубот низ оваа една измината година од неговото работење и потенцираше дека децата и младите се нивна целна група и обврска да им се предаде приказната за Егејот и за отвореното егејското прашање.
Тој ја истакна и се заблагодари на одличната соработка со премиерот како и целата оваа влада, за средбите со министрите за надворешни работи, култура и внатрешни работи кои помагаат во решавањето на нивните проблеми.
Лукровски го потсети премиерот на неговото ветување за обновување споменикот на децата бегалци во Жена паркот во Скопје кој неодамна беше осквернавен и оштетен.
Премиерот Мицкоски го истакна задоволството од работењето на клубот и фокусот на неговите најмлади посетители. Тој во својот говор уште еднаш истакна дека сѐ уште не е затворено македонското прашање.
„И во 21 век се обединивме и го поразивме тоа што седум години го тероризираше македонскиот идентитет и народ. Денес е длабоко во опозиција. Ние ќе се бориме да го повратиме достоинството кое го имавме во минатото“, рече Мицкоски.
Тој се заблагодари на домаќините за враченото признание и вети и поддршката на Македонците од Егејот во борбата за нивните права ќе продолжи.
За формирањето, значението и дејствувањето на НОФ во Егејскиот дел на Македонија зборуваше историчарот професорот Димитар Љоровски.
Извор: МКД.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…