ЗНАМ И ДПМНЕ ПОБЕГНАЛЕ ОД СЕДНИЦАТА! Успешен третиот обид на Левица за надзорна расправа во Кочани

t

*Успешен третиот обид на Левица за надзорна расправа во Кочани*

Ја известуваме јавноста дека на денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот – со која претседава претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев – беше усвоена иницијативата за надзорна расправа за Кочани поднесена од Левица! И овој пат, пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ координирано се обидоа да го опструираат Барањето за надзорна расправа и истите воопшто не присуствуваа на комисиската седница.

Ваквиот деструктивен обид на владејачкото мнозинство беше неуспешен, затоа што во овие случаи важат посебни деловнички одредби и беше искористена деловничката можност Одлуката за надзорна расправа да се донесе со најмалку ⅓ од гласовите на членовите на Комисијата.

Ова е трет обид на пратеничката група на Левица за одржување надзорна расправа за трагедијата во Кочани, откако претходните два обиди беа опструирани од владејачкото мнозинство на ДПМНЕ, кои очигледно имаат тенденција секоја дискусија за “дискотеката на смртта” да ја угушат.

Јавноста и граѓаните на Кочани заслужуваат одговори за сите дилеми и сомнежи околу селективната истрага за оваа трагедија, каде очигледно се штитат лица кои се во тесни партиски врски со владејачката партија. Не може власта да говори за неселективна истрага, додека институциите во континуитет постапуваат само под силен притисок на јавноста!

Левица, како единствена анти-естаблишментска партија која никогаш не учествувала во креирањето на еден систем кој убива, во изминатите три месеци постојано ги обелоденуваше сите обиди на власта да ја заташка истрагата и да ги спаси од прогон нејзините корумпирани кадри.

Сметаме дека ваква надзорна расправа мораше изворно да биде иницирана токму од власта, наместо да одржува владини трибини зад затворени врати, во моменти на длабока емотивна потресеност кај сите граѓани. Одржувањето на надзорна расправа за трагедијата во Кочани е политичка должност пред јавноста, со цел ниту еден поединец кој дозволил да работи дискотеката на смртта да не биде амнестиран од одговорност. Левица ќе продолжи да се бори против сите насилнички обиди на власта да ги загуши барањата за отчетност и крикот за правда за најголемата трагедија која ја зацрни Македонија.

линк:
https://www.facebook.com/share/p/16LkYZ2hip/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНАМ И ДПМНЕ ПОБЕГНАЛЕ ОД СЕДНИЦАТА! Успешен…

*Успешен третиот обид на Левица за надзорна…

Скопјанец со возило сакал да ја прегази…

Уште еден случај на семејно насилство во…

Први ефекти од војната меѓу Израел и…

Се уште е неизвесно дали воениот конфликт…

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…