ЗНАМ смета дека ВЛЕН се полоши од ДУИ? „Господата да сфатат дека заврши времето на демонстрирање на моќ“

t

Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија реагира на соопштението на ВРЕДИ во врска со поништување на годишните планови за вработување од страна на министерот за јавна администрација Горан Минчев.

– Не ја разбираме возбуденоста во редовите на ВРЕДИ во врска со денешната прес-конференција на Министерот за јавна администрација, Горан Минчев. Движењето ЗНАМ – за наша Македонија на парламентарните избори во рамки на својата програма стриктно посочи дека ќе влезе во Владата, базирано на принципите на чесност, одговорност и отчетност, и исклучиво со целосно почитување на законите.

Би сакале да потенцираме дека терминологијата “АНТИ-АЛБАНСКА ДОКТРИНА” не постои во редовите на Движењето ЗНАМ. Наша доктрина е “ДОСЛЕДНО ПОЧИТУВАЊЕ и СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТУЕЛНИТЕ ЗАКОНИ”.

За да ги појасниме работите, би сакале да нагласиме дека во Законот за вработени во јавниот сектор во Глава IV-a; Член 20-а; Став 4 стои:

Во институциите на јавниот сектор кои се основани од страна на централната власт, а кои дејноста, односно надлежноста ја вршат на централно ниво и/или преку подрачните единици или други организациски единици на локално ниво, како основ за распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територија на Република Македонија.

Им укажуваме на господата од ВРЕДИ, пред да излезат со било какво соопштение, добро и детално да ги проучат сите постоечки и важечки закони.

Што се однесува на фразата “Елиминирање на некои политичари”, би сакале да ги потсетиме припадниците на ВРЕДИ дека времето на ДУИЗАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Е ЗАВРШЕНО.

Колегите од ВРЕДИ треба да разберат дека заврши времето кога можеше да се демонстрира моќ од позиција на власт преку кршење на законите во Македонија.

Таква демонстрација на моќ практикуваше ДУИ.

Тоа време е минато. – велат од ЗНАМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

ВЛЕН: Минчев, Димитриевски и ЗНАМ да не…

Коалицијата ВРЕДИ која е дел од владината…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…

ВЛЕН ќе ги избрка ЗНАМ? Димитриевски размислува…

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски е против…

ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…

По сериозните закани и насилни пораки упатени…