Значителен скок на цените на нафтата низ светските пазари
После дво неделен пад, глобалните цени на нафтата нагло пораснаа минатата недела, за повеќе од шест проценти, поддржани од постигнувањето трговски договори од страна на САД со некои од нивните најважни трговски партнери, и ќе се покачеа уште повеќе доколку ОПЕК+ не ги зголеми своите производствени квоти.
Цената на барел на лондонскиот пазар скокна за 6 проценти минатата недела, на 69,67 долари, а на американскиот пазар за 6,3 проценти, на 67,33 долари.
Трговците со нафта поголемиот дел од неделата беа фокусирани на потенцијалното влијание на американските царини, при што повисоките тарифи за американските трговски партнери главно треба да стапат на сила следниот петок.
Трамп, во четврток, потпиша извршна наредба со која се воведуваат тарифи кои се движат од 10 до 41 процент за увозот на САД од десетици земји и странски територии кои не успеаја да постигнат трговски договори до неговиот рок на 1 август, вклучувајќи ги Канада, Индија и Тајван. Партнери кои успеаја да обезбедат трговски договори се Европската Унија, Јужна Кореја, Јапонија и Велика Британија.
„Веруваме дека решавањето на трговските договори на задоволство на пазарот – повеќе или помалку, со неколку исклучоци – беше клучен двигател на порастот на цените на нафтата во последните денови“, рече Сувро Саркар од DBS Bank.
Цените беа поддржани и минатата недела од заканите на Трамп за воведување царини од 100 проценти за купувачите на руска сурова нафта во обид да изврши притисок врз Русија да ја прекине војната во Украина. Ова предизвика загриженост за потенцијални нарушувања во трговските текови со нафта и отстранување на дел од нафтата од пазарот.
Цените на суровата нафта ќе се покачеа уште повеќе минатата недела ако не се прилагодија надолу за околу 2 проценти во петокот откако пазарот реагираше на можноста ОПЕК да го зголеми своето производство. Три лица запознаени со разговорите меѓу ОПЕК и неговите подружници изјавија за Ројтерс дека картелот би можел да постигне договор за зголемување на производството во септември за 547.000 барели дневно. Во неделата, ОПЕК+ објави дека ги зголемува производствените квоти за ист износ за да го врати својот пазарен удел.
Во меѓувреме, најновите податоци од американскиот пазар на трудот, кои покажуваат слаб раст на новите работни места, за само 73.000 во јули, ги поттикнуваат загриженостите за економскиот раст и побарувачката на нафта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Значителен скок на цените на нафтата низ…
После дво неделен пад, глобалните цени на…
Ким Јо Јонг упатува повик за дипломатија…
Највлијателната жена во Северна Кореја се обидува…
Макрон: ЕУ не го искористи својот пазар…
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европската…
САД и ЕУ постигнаа трговски договор: Царини…
Со месеци, спорот околу царините меѓу САД…
Стејт департментот одобри продажба на оружје на…
Американскиот Стејт департмент објави дека одобрил предлог…