ЗНМ: Основниот кривичен суд Гостивар донесе проблематична првостепена пресуда за слободата на изразување

t

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради пресудата донесена на 12 јануари 2026 година на штета на Лиридона Вејсели.

Како што велат од ЗНМ, според судското образложение, Вејсели е обвинета за „Злоупотреба на лични податоци“ од член 149 став 1 од Кривичниот законик, затоа што на Инстаграм и Тик Ток објавила лични податоци – име и презиме на судија.

Судот во пресудата наведува дека:

„Вејсели е виновна заради тоа што на 28.10.2024 година спротивно на условите утврдени со закон без согласност од оштетениот судија, користела негови лични податоци на начин што на социјалните мрежи Инстаграм и Тик Ток објавила видеа во кои ги злоупотребила личните податоци на оштетениот судија неговото име и презиме со што му наштетила на неговата чест и угледна неговата професионална дејност која ја извршувал како судија во Основен суд во Тетово повеќе од 37 години“.

ЗНМ оценува дека оваа првостепена пресуда испраќа многу лош сигнал за слободата на изразување во земјата.

„Кривичното гонење на новинари за објавување на име и презиме на јавни лица, особено судии, го зголемува притисокот врз новинарството и правото на јавноста да биде информирана“, реагираат од ЗНМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ: Основниот кривичен суд Гостивар донесе проблематична…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Македонија е рангирана на 114-то место по…

Македонија е рангирана на 114 – место…

Новинарката Лиридона Вејсели осудена за злоупотреба на…

Основниот суд во Гостивар ја осуди новинарката…

Уапсен новинарот Дон Лемон по пренос во…

Поранешниот водител на Си-Ен-Ен, Дон Лемон, уапсен…

Истрага против четири лица за пронајдени дрога…

Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражни постапки…