ЗНМ поднесе претставка до Судски совет за судијката Спировска-Панева поради исклучување на јавноста од случајот со Кочо Анѓушев
ЗНМ барањето го поднело откако на 13 октомври се одржало рочиште за постапка поведена по поднесена тужба за утврдување на граѓанска одговорност за навреда и клевета од Кочо Анѓушев, поранешниот вицепремиер во Владата на РСМ против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и главниот и одговорен уредник Сашка Цветковска за објавената сторија со наслов „Заговор против воздухот“ објавена на 16.05.2021 година
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поднесе барање до Судскиот совет за поведување постапка за утврдување на одговорност на судијката Јованка Спировска-Панева од Основен граѓански суд Скопје за сторена дисциплинска повреда – нестручно и несовесно вршење на судиската функција.
ЗНМ барањето го поднело откако на 13 октомври се одржало рочиште за постапка поведена по поднесена тужба за утврдување на граѓанска одговорност за навреда и клевета од Кочо Анѓушев, поранешниот вицепремиер во Владата на РСМ против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и главниот и одговорен уредник Сашка Цветковска за објавената сторија со наслов „Заговор против воздухот“ објавена на 16.05.2021 година.
По извршениот распит на странките, како што информираат од ЗНМ, судијката Спировска-Панева побарала од новинарите и останатите лица кои биле во својство на јавност да ја напуштат судницата со усно образложение дека ќе се изведе доказ „соочување на странки“, посочувајќи дека овој доказ бара исклучување на јавноста. Оваа постапка го попречила следењето на рочиштето кое ЗНМ со години го има како пракса во случаи кога како странка се јавува медиумски работник.
„Како Здружение кое со години се бори за слобода на изразување и за правото на јавноста да биде информирана преку информациите што ги пренесуваат новинарите, нивното исклучување од судница за случај кој се води против нив, а поведен од високи функционери, нема апсолутно никаква законска оправданост. Според одредбите од Законот за парнична постапка и според нашето сознание на рочиштето, ниту се оддавала службена, деловна или лична тајна, ниту се нарушува јавниот ред, ниту пак е спротивно на општо прифатените морални вредности“,нагласуваат од ЗНМ.
ОД ЗНМ бараат одговорност од судијката за оваа постапка, а од Судскиот совет бараат да поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност согласно доставените докази и посочените законски одредби и да изрече дисциплинска мерка согласно чл.78 од Законот за судовите на РСМ.
„Нагласуваме дека новинарите не смеат да бидат третирани како јавно зло бидејќи не работат на штета на граѓаните, туку во нивна корист. Не треба да бидат замолчувани без право на пристап до информации, посебно во случаи каде тие се страната која е тужена заради завршена истражувачка работа. Ваквите постапки се директен напад на слободата на изразување која се темели на препораките поставени од Советот на Европа и Европската конвенција за човекови права“,децидни се од ЗНМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АВМУ им дава 5 милиони денари на…
Во рамки на своите заложби обезбедивме донација…
(Видео) Јакимовски: Апелирам ДПМНЕ и нивните соработници…
На ДПМНЕ ништо не им е свето,…
Здружението на инженери поднесе претставка за концесијата…
Здружението на инженери на Македонија денеска информира…
ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Пресудата против ИРЛ…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот…
ЗНМ поднесе претставка до Судски совет за…
ЗНМ барањето го поднело откако на 13…