Зоран Герасимовски назначен за В.Д претседател на Академијата за судии и јавни обвинители

t

Членот на Судскиот совет, Зоран Герасимовски од член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители избран е за В.Д. претседател на Академијата.

На досегашната директорка, Наташа Габер – Дамјановска и истече мандатот вчера, а Герасимовски едногласно бил избран за вршител на должност додека не биде избран друг.

– За вршител на должноста директор на Академијата за судии и јавни обвинители, едногласно беше назначен Зоран Герасимоски, член на Судскиот совет на Република Македонија, до избор на директор на Академијата.

Именуваниот, едногласно беше избран за вршител на должноста директор на Академијата за судии и јавни обвинители од редовите на членовите на Управниот одбор, земајќи го предвид фактот што истиот е со долгогодишно искуство во вршење на судиската функција, пред се како судија на Апелациониот суд Скопје, а понатаму и како член на судскиот совет на РМ, со стекнат интегритет и углед во правосудството на РСМ, се вели во соопштението од Академијата за судии и јавни обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре ќе се избираат 47 обвинители во…

На дневниот ред на 20. седница на…

Судиите и обвинителите ќе може да работат…

Собранието денеска усвои повеќе предлози на закони…

Објавен оглас за избор на 47 јавни…

Советот на јавни обвинители објави оглас за…

Се лепат опомени за хаварисани возила во…

Општина Центар, во соработка со ПОЦ и…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…