Зоран Иванов: Добро е да се намали бројот на руски дипломати во земјата

t

Тешко е да се одговори дали погрешен или правилен чекор, вели новинарот Зоран Иванов во врска со денешното протерување на петмина руски дипломати од земјава.

„Малку сум изненаден што Русија прво има 19 дипломати во ваква мала земја како Македонија. Добро би било Русија да има помал број на дипломати. Единствено што сме членка на НАТО и има право да си ги штити интересите од безбедносен и воен аспект. Имаме разно-разни планови, вели новинарот Зоран Иванов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Според него, не мора секогаш во сѐ да ги следиме големите сили во нивната релација со Русија, по повод актуелните настани во Украина.

-Утре ќе се смират тие, а нас ни треба рускиот пазар за еден куп земјоделски производи. Не треба докрај да ги следиме. Немаме информации со што се занимавале дипломатите и зошто се протерани. Дали некакви планови зеле, еден ден ќе излезат мотивите. Ако е само слепо следење на големите, мислам дека Македонија треба да биде повнимателна, оценува Иванов, додавајќи дека во Украина не се случува директна војна меѓу Западот и Русија, ниту меѓу НАТО и Русија.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…