Зоран Љутков ја презеде функцијата министер за култура од Костадиновска-Стојчевскa

t

Зоран Љутков денеска ја презеде функцијата министер за култура и туризам од досегашната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска.

Љутков истакнал дека доаѓа време на промени, а пред сите чинители од областа на културата и туризмот, претстои интензивен период на макотрпна работа и инвестиции, што воедно претставува  врвен приоритет на новата влада, информира прес-службата на Министерството за култура и туризам.

Костадиновска – Стојчевска на новоизбраниот министер му ја честитала новата должност и му посакала успех во совладувањето на предизвиците поврзани со реализацијата на тековните и идни проекти на Министерството за култура и туризам.

Во објава на Фејсбук Костадиновска Стојчевска наведува дека го запознала Љутков со најважните тековни и планирани активности на Министерството за култура со верување, како што вели, дека ќе продолжи политиката на зголемување на платите на културните работници, поддршката на локалните заедници за проекти од културата, развој и поголема поддршка на новите културни институции кои веќе нижат успешни настани на домашната и странската сцена, како и континуитет на веќе започнатите капитални проекти.

– Македонската култура нека остане независна, слободна и достапна за сите, видлива дома и на меѓународен план, порачува Костадиновска Стојчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најдоски: ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во културата, на…

Прес-конференција, Мирче Најдоски, претседател на Комисија за…

Нема плати ни во Министерството за култура:…

17ти април, два дена после законскиот рок…

Синдикатот на култура излегува на протести!

Синдикатот на култура излегува на протести, објавија…

„На Љутков приоритет му е да го…

Синдикатот на вработените во Македонската филхармонија е…

Конкурсите за поддршка на проекти од културата…

Министерството за култура и туризам утре ќе…