Зошто Мицкоски ги брани избрканите од „Комуналец“, а нарачува хајка против Арсовска и Мазнева?

t

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот список на ЈП „Комунална Хигиена“ на луѓе кои добивале плата, а не се појавувале на работа ги разбранува политичките духови во земјава, предизвикувајќи дури и закани кон градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска и директорката на ЈП „Комунална Хигиена“ Косана Мазнева, од високи функционери на ДУИ.

Ваква реакција на ДУИ, но и на низа на медиуми блиски до владејачката албанска партија во земјава е разбирлива, ако се има предвид дека најголем дел од отстранетите од платен список во Комуналец биле вработени во време на директорувањето на ДУИ.

– Данела немој да мислиш дека си нашла „планина без волк“ и можеш да правиш што сакаш!- гласи пораката до Арсовска од директорот на УЈП Скопје, Абдул Селам Селами.

Сепак, ваквиот потег беше поздравен од најголемиот дел од јавноста, но и од лидерот на Левица Димитар Апасиев, кој ваквата постапка ја илустрираше со „мајагери“.

Имаше и такви кои ваквата постапка на отстранување од работа на луѓе кои земале плата за да не одат на работа, ја осудија, дури објаснувајќи дека на овој начин се нарушувал коалицискиот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ, кои пак, би требало да формираат владејачка коалиција.

Најгласна со овие тези беше екс-новинарката Јорданка Ивановска – Јоци, која смета дека ваквата постапка на Мазнева и Арсовска била насочена кон нарушување на политичката перспектива на ВМРО-ДПМНЕ, иако од партијата во повеќе наврати тврдат дека тие немаат намера да коалицираат со Али Ахмети и ДУИ, бидејќи, како што велат од партијата на Мицкоски, ДУИ е дел од криминалната коалиција на власт.

Загрижува двојбата во ставовите на партијата на Мицкоски, кој, официјално тврди дека нема намера да коалицира со ДУИ, но, преку неофицијални канали, испраќа спротивни сигнали.

Имено, екс-новинарката важи за неофицијален личен портпарол на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а според Љупчо Палевски-Палчо, Јоци добива и соодветен хонорар за своите услуги.

Според Палевски, Јорданка Ивановска-Јоци, добива 170.000 денари месечно од партиската каса на ВМРО-ДПМНЕ, а како што тврди, таа добила и нов автомобил.

Од ВМРО-ДПМНЕ не добивме одговор каков е ставот на партијата во врска со коалицирањето со ДУИ, но, ако судиме според ставовите кои Мицкоски ги изнесува преку својот личен портпарол, лидерот на партијата планира коалиција со, како што и самиот вели, криминалната ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…

ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…

По сериозните закани и насилни пораки упатени…