Зошто мора системот да биде следен?

Зошто мора системот да биде следен?
Секој систем се создава со одредена цел, кога станува збор за држава тој систем служи да ги заштити интересите на граѓаните, нивниот живот, здравје и имот.
Со текот на времето за жал задачата на секој систем станува една и единствена тој да се самоодржи во за него најповолната позиција.
Тука доаѓаме до онаа аналогија која што е совршена, а таа е дека државата односно системот функционира како организам, не за џабе институциите ги нарекуваме државни органи. Како и кај живиот свет примарната биолошка цел и на државниот организам е да преживее.
Тука доаѓаме до можеби најстрашниот заклучок, а тоа е дека еднаш кога системот ќе ја пронајде својата хомеостаза или состојба на одржување на постојана внатрешна рамнотежа тој дава неверојатен отпор на промени за да се заштити. Затоа во Македонија и секаде низ целиот свет е многу тешко да се промени системот, затоа што самиот има одбрамбен механизам кој се активира при било какво влијание од надвор.
За жал во хомеостазата на нашиот систем криминалот, корупцијата, непотизмот и низа други негативни општествени појави се сеприсутни.
Затоа единствено решение е „Системот да биде следен“, односно да се почне од почеток со нов систем во кој приоритет повторно ќе бидат интересите на граѓаните, а не природната тенденција за одржување на системот во хомеостазата која кај нас е полна со негативни општествени појави.
Луѓето со право се плашат од промените, a оваа дилема ја поставил Томас Хобс уште во далечната 1651 година во своето монументално дело „Левијатан“. За малку контекст Хобс бил современик на Англиската граѓанска војна во која загине 100-тици илјади луѓе. Војната се водела помеѓу Ројалистите и Парламентарците. Војната ја започнале оние кои барале промени кои значеле повеќе права за парламентот и помало влијание на кралот.
Одговорот на Хобс кој потекнувал од позиција на страв бил накратко дека дури и најлошата тиранија е подобра од недостаток на државна контрола, односно анархија. И затоа според Хобс најдобра форма на владеење е апсолутна монархијата која е потребна за да се присилат луѓето на своите обврски.
До некаде можеби ја разбирам позицијата на Хобс, но имам и суштински разлики затоа што сметам дека кога поединецот не го почитува законот најчесто го загрозува својот живот, безбедност и имот со помала опасност истото да го стори на други поединци, а речиси минимални шанси да го загрози колективот. Но кога државата не го почитува законот по дефиниција секогаш го зарозува интересот, животот и здравјето на сите граѓани.
Со вака поставен систем во кој што државните избрани и именувани функционери се првенците во непочитувањето на Уставот, законите и правилата во државата загрозен е животот, здравјето и имотот на секој еден граѓанин на Македонија.
Од тука сите доаѓаме до заклучокот дека корупцијата убива. И кога ќе кажеме дека институциите непостапиле тоа е многу поблага форма за она што навистина се случило, а тоа е фактот дека законот не бил спроведен односно законот не се почитува и тоа е застрашувачки.
Затоа системот мора да е следен, затоа што инаку било кој од нас може да биде.
Пишува: Милош Милошевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто мора системот да биде следен?
Зошто мора системот да биде следен? Секој…
Нема повредени во пожарот во близина на…
Нема повредени лица во пожарот што се…
Робустна соработка: „Знак на волја за заедничка…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и…
Урсула фон дер Лајен ја поздрави најавата…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…
Уапсена министерката за високо образование на Кантонот…
Во рамките на акцијата со кодно име…