Објавено на:

„Зошто не го уапсивте?“: Цpвен тепих за Пyтин во Монголиjа, Укpаина бесна

t

Владимир Путин пристигна во официјална посета на Монголија, првата земја од 2023 година која го потпиша Римскиот статут и ја призна јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд, кој издаде налог за апсење на рускиот претседател поради сомневање за воени злосторства за време на инвазијата на Украина.

Во понеделникот вечерта, авионот на Путин слета во главниот град на Монголија, Улан Батор, каде што го пречека почесна гарда, покрај која помина на црвениот тепих.

Рускиот лидер е во посета на Монголија на покана на претседателот на земјата, Ухнагин Хурелсух, кој, како што пренесува ТАСС, дал таков предлог за време на состанокот во Пекинг во есента 2023 година.

Набргу по пристигнувањето на Путин во Улан Батор, портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Георги Тихој ја осуди одлуката на монголските власти да не го уапсат рускиот претседател по наредба на МКС.

Судот со седиште во Хаг го обвинува Путин дека е одговорен за илегалната депортација на деца од Украина во Русија за време на војната.

„Неуспехот на монголската влада да го исполни задолжителниот налог за апсење на Путин на МКС е тежок удар за Меѓународниот кривичен суд и меѓународниот казненоправен систем“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи.

„Монголија дозволи обвинетиот криминалец да ја избегне правдата, со што ја споделува одговорноста за воените злосторства. Ќе работиме со партнерите за да се осигураме дека Улан Батор ќе ги сноси последиците“, додал официјалниот украински службеник.

Во понеделникот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повтори дека Москва не се плаши од апсењето на Путин во Монголија по налог на МКС.

„Нема таков проблем со Монголија“, истакнал Песков, а пренесе ТАСС.

Кон крајот на минатата недела, портпаролот на МКС, д-р Фади Ел-Абдалах, за Би-Би-Си изјави дека земјите-членки на судот „имаат обврска да соработуваат во согласност со Римскиот статут“.

Во договорот постои клаузула дека земјите-членки можат да бидат ослободени од обврските доколку нивното извршување би предизвикало „прекршување на веќе постоечка договорна обврска“ кон друга држава или нарушување на дипломатскиот имунитет на претставниците или имотот на трета земја.

Портпаролот на МКС објасни дека случаите на „несоработка“ од страна на државите потписнички ќе бидат темелно истражени, по што собранието, кое го сочинуваат сите држави потписнички, би можело „да преземе какви било мерки што смета дека се неопходни (против прекршителите)“.

МКС нема свои агенции за спроведување на законот.

Осомничените се апсат од земјите-членки на нивна територија, за што е потребна соодветна волја на властите на овие земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Зошто не го уапсивте?“: Цpвен тепих за…

Владимир Путин пристигна во официјална посета на…

Путин се закани: Ќе се справиме со…

Русија ги брани жителите на Донбас и…

Тајани: Италија е со Украина, но не…

Потпретседателот на италијанската Влада и министер за…

Зеленски го разреши командантот на воздухопловните сили…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти командантот…

Во Македонија нема пари за ништо, ама…

Државава подготвува уште еден пакет за помош…