Објавено на:

Зошто светот молчеше за воените злосторства во Украина?

t

Денес сме сведоци на на невидени санкции во однос на Русија и нејзините граѓани, цензура на руските медиуми на Запад, репресии против руските компании и руските граѓани на Запад, како и цензура и забрани за руската култура и историја, како резултат на руската агресија во Украина. Од друга страна, Русија тврди дека се работи за специјална воена операција за завршување на граѓанската војна во Украина, која што трае од 2014 година, и дека Западот со последните санкции и чекори и објавил војна на Русија. Вистината најверојатно е некаде на средина.

На тркалезната маса која што се одржа 1-ви март во Општествената палата на Руската Федерација на тема „Воените злосторства на украинските националисти“ учество зедоа експерти, новинари, блогери, политичари од Русија, САД, Полска, Канада, Франција, Шпанија, Норвешка, Исланд, Италија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина.

Тркалезната маса свечено ја отвори Максим Григориев, директор на Фондацијата за проучување на демократијата, член на Општествената палата на Руската Федерација.

„Осум години беше вршен систематски геноцид врз жителите на Доњецк и Луганск, териториите беа подложени на вооружена агресија, постојано гранатирање, беше организирана економска блокада спротивно на Меѓународното хуманитарно право. Украина направи се за да ги постави против себе жителите на непризнаените републики. На територијата на Украина, беа спроведени репресии врз неистомислениците, беа организирани убиства и апсења на опозиционери, забрана на рускиот јазик и Руската православна црква, цензура и прогон на новинари, системско величење на нацистичкиот период на Украина од 1941 до 1945 година и фалсификување на историјата.“ – Максим Григориев.

„Денеска најавувам формирање на Меѓународен јавен трибунал, каде што ќе ги разгледаме и овие факти и прашањето за одговорноста на оние кои го организираа сето ова. Овие факти мораме да ги претставиме на јавноста, така што во иднина одлуките ќе ги носат органите за спроведување на законот на оние земји чии граѓани настрадаа“. – Максим Григориев

На тркалезната маса настапи и Марија Бутина, пратеник и член на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума. Марија Бутина во 2018 година и стана позната на светската јавност и се здоби со светска слава, како резултат на тоа што беше уапсена во САД, под обвинение дека работи како „странски агент“ без да ги извести американските власти, со цел „инфилтрација (продирање) во организации кои имаат влијание врз американската политика.

„Верувам дека специјалната операција на руските вооружени сили е неопходна за да се спречи геноцид, тортура и злоупотреба на мирното руско-јазично население во Донбас и Украина. Русија и Украина се братски држави, но киевската елита ја презеде власта и го уништува сопственото население, тоа е неприфатливо. Затоа, ја поддржувам руската војска и посакувам преговорите да завршат што е можно поскоро. Единствениот пат до мирот е демилитаризација и денацификација на Украина“ – Марија Бутина

Руската воена операција во Украина ја поддржаа сите партии кои што се во Руската Дума. Казбек Тајсаев, секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Руската Федерација, прв заменик-претседател на Комитетот на Државната дума за прашања на Заедницата на Независни Држави, евроазиска интеграција и односи со сонародниците, истакна: „Многу често гледавме што сегашната фашистичка влада во Киев им правеше на жителите на Донбас. Многу правилна дефиниција даде претседателот на нашата земја: има геноцид врз жителите на Донбас. Целосно ја поддржуваме специјалната операција што се спроведува денеска. Јас сум многу благодарен на нашата војска и знам дека нашата армија ќе се справи со задачите со кои се соочува“.

Ева Бартлет, канадска блогерка, опиша како функционира воената пропаганда, која се повторува во секој конфликт по однапред подготвено сценарио – пред сè, ги омаловажува лидерите и бранителите на територијата. Таа го привлече вниманието на недостатокот на информации во западните медиуми за животот на цивилите од Донбас, за жителите на Газа, Алепо и Дамаск; како и информациите за воените злосторства во тие региони.

Шпанските медиуми објавуваат монтирани и лажни вести, слики и видеа од разни компјутерски игри, филмови, претходни војни и ги прикажуваат како „руски напад“, новинарите во Шпанија ги канат на интервју потомците на Бандера и казнените баталјони, како и поддржувачите на Франко. Во Шпанија власта и опозицијата се обвинуваат помеѓу себе дека се приврзоци на Путин, рече Енрике Хавиер Рефојо Аседо, шпански новинар.

Поддршка за одлуката за денацификација и демилитаризација на Украина даде Николас Чарас, специјалист за информатичка политика од Франција. Според него, Русија немала друга алтернатива: по признавањето на Доњецк и Луганск, Владимир Путин решил да стави крај на граѓанската војна во Украина, а не да започне нова.

„За да има Русија влијание врз западните јавност, прво треба да создаде информативна платформа која ќе ги застапува интересите на Русија, и ќе ја прикажува и другата страна од конфликтот“, Никола Чарас.

Координаторот на полската јавна организација „Полско-руско братство“ во Русија, специјалист за информатичка политика Пшемислав Твардовски смета дека Русија губи во информациската војна. Според неговото мислење, во земјите каде што долго време се води анти-руска пропаганда, треба да има информации за тоа што се случува – луѓето не знаат ништо за Донбас, поради тоа тие се негативно наклонети кон Русија и не разбираат дека Русија сака да ја заврши војната, а не започна нова војна.

На крајот сите учесници на тркалезната маса ги повикаа светските лидери што побрзо да се договорат и да се стави крај на судирот помеѓу Западот и Русија, како и да се стави крај на војната во Украина која што трае од 2014 година. Ако тоа не се направи, не се знае каква ќе биде идната и судбина на човештвото. На крајот сите ќе бидеме губитници.

За Антропол пишува известувач од Москва Дарко Тодоровски, Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…