Зошто стјуардесите носат марама околу вратот? Овој моден додаток може да спаси живот!

t

Униформите за стјуардесите обично вклучуваат марами околу вратот, но овој моден детаљ не е само за естетика. Има причина зошто стјуардесите околу вратот носат марама.

Ќе се изненадите кога ќе слушнете колку всушност овој додаток може да биде корисен и која е неговата цел. Марамите се од големо значење во случај на опасност. Многу девојки сонуваат кога ќе пораснат да станат стјуардеси, а освен што имаат можност да го пропатуваат целиот свет, важна причина е и нивниот изглед.

„Домаќинките во авионите“, како што често ги нарекуваат, секогаш се добро облечени, имаат уредни фризури, елегантни „пенсил“ здолништа (т.н. облик на молив) кои ја истакнуваат нивната женственост, а чест детаљ се марамите и шаловите кои овие дами носат околу врат. А, зошто стјуардесите носат марама околу вратот?

Излегува дека овој додаток не само што има естетска функција, туку е многу важен во случај на опасни ситуации во авионот, како што е пожар.

Стјуардеса на социјалните мрежи откри зошто практично е задолжително да носат марама околу вратот. Излегува дека овој додаток не се носи за убавина, туку затоа што може да биде од голема корист во итен случај. По потреба, парчето ткаенина се претвора во маска со која стјуардесите ги покриваат носот и устата за да ги заштитат дишните органи во случај на чад.

На тој начин ќе можат подолго да останат свесни и да им пружаат помош на патниците. Со други зборови, овој моден детаљ може да ги спаси и нив и патниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бах нема да се кандидира за трет…

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), 70-годишниот…

Активни десет пожари, нов пожар кај Пехчево,…

Попладнево и вечерва во земјава се активни…

Се запали камп приколка во движење на…

На 10.08.2024 година во 07.33 часот во…

(Видео) Лицето кое исчезна во петокот е…

Исмаил Муратов (35) од Дорфулија кој од…

Ексклузивно: Пандов би рекол „хотел промаја“ –…

По внатрешна контрола во затворот Шутка повторно…