Зулбеари вели дека имал вистинска, а не фалсификат диплома од Универзитетот во Приштина
Новоназначениот в.д директор на ЈЗУ Здравствен дом Куманово демантира дека неговата диплома од Универзитетот во Приштина е фалсификат. Како што вели Седат Зулбеари дипломата од Приштина е вистинска.
– Ги демантирам сите клевети и обвинувања објавени денеска во медиумите во врска со мојата диплома. Тоа е тема која беше разјаснета во минатото, но се чини дека некој се храни со нешто непостоечко. Јас тогаш кажав, и сега кажувам, мојата диплома на Универзитетот во Приштина е оригинална. За ова има решение и во ОЈО Куманово од 12.05.2020 година, кое е донесено на оваа тема.
Сите кои се хранат со вакви клевети и обвинувања наскоро ќе се соочат со мене на суд! Средствата што ќе ги заработам ќе ги поделам за да купам лекови за децата на кои им требаат, а не можат да ги купат. – вели Зулбеари.
Инаку МВР во 2019 година поднела кривична пријава за Седат Зулбеари за фалсификување на диплома од Универзитетот во Приштина каде дипломирал како професор по математика.
– Според информациите на МВР, С.З.(51) од Куманово набавил фалсификувана диплома од универзитет во Приштина со која се стекнал со квалификација „професор по математика“. Дипломата ја употребил во општинското основно училиште „Бајрам Шабани“ Куманово, каде склучил договор за работа и засновал работен однос на определено време.
До 2017 му биле изготвувани повеќе договори за работа на определено време, при што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од буџетот на РС Македонија, во износ од платите што му биле исплаќани од 1.12.2011 до 5.05.2017.
Против него е поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“. – стои во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово
Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…
Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го бранат криминалот…
Ако на некого сѐ уште не му…
(Видео) Меџити: Членовите од Алијанса се копираа…
Членовите од Алијанса „се копираа“ во ВЛЕН,…
Ексминистерот од Алијанса, Азир Алиу, објави дека…
Поранешниот министер за информатичко општество и администрација…
Тинејџерка од Куманово е тешко повредена, со…
Вчера претпладне, 18-годишна девојка од Куманово, возејќи…