Ивановска: Корупцијата во Македонија стана начин на живот, веќе не се ни препознава
Корупцијата во државата стана начин на живот, затоа веќе не се ни препознава, изјави во интервју за Гласот на Америка, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска.
Во интервјуто Ивановска посочи дека инспекциските служби не си ја вршат работата како што треба.
Претходно претседателката на ДКСК го коментираше доаѓањето на американскиот тим кој истражуваше корумпирани политичари и функционери како поразително затоа што нивното доаѓање значело дека македонските институции не си ја завршиле работата како што треба.