Ивановски: Имав мала повреда на стапалото и коленото кое од шестиот километар не ми дозволи да продолжам со исто темпо

t

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски на маратонот на Олимписките игри во Париз ја заврши својата трка со време од 02:28:15 што беше доволно за 69 место.

Тамират Тола од Етиопија со нов олимписки рекорд го освои маратонот и се закити со златниот медал.

Ивановски беше последниот шести македонски олимпиец со настап на Игрите, претходно учествуваа и Никола Ѓуретановиќ (пливање), Анастасија Мојсовска (спортско стрелаштво), Еди Шерифовски (џудо), Владимир Егоров (борење) и Милјана Рељиќ (таеквондо).

– Почитувани Македонци, посакувам прво да ви се заблагодарам за огромната поддршка што ја имав во текот на овој маратон и во подготовките. Штом еден маратон се заврши, тоа значи дека се завршува успешно. Пред сè да се заблагодарам до Бога што влегов во трката жив и здрав, сепак имав мала повреда на стапалото и на коленото кое од шестиот километар не ми дозволи да продолжам со исто темпо кое го наметнавме на почетокот. Од петтиот спрема шестиот километар почнав да ја влечам ногата и да се мачам, сепак тоа е што е.

Го дадов максимумот, сега преостанува период на опоравување, и да се фокусираме кон следните цели. Можеби јас и сите имавме малку поголеми очекувања, јас верував дека можам подобро и сеуште верувам дека можам подобро, сепак 2:08 што ми е најдобро време, и сега 2:28 ќе се види дека нешто се случувало во трката. Претходно според тренинзите бев и многу поспремен за тој резултат што го имам. Се надевам дека на следната трка, следните предизвици ќе го видите стариот Дарио, па дури и подобар од тоа што бев. Ви благодарам уште еднаш на сите кои беа со мене – беа зборовите на Ивановски по маратонот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ