Иванов: Без почит кон минатото немаме иднина – Слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано
Поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
– Почитувни сограѓани,
Одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба го симболизира континуитетот и македонскиот стремеж кон слободата и државност.
Овој ден е паметник за шестемина македонски патриоти кои се здружија со визијата за слободна Македонија, со што ја втемелија и ја осведочија желбата за независна држава која ќе ги сплоти сите под едно знаме, во една цела земја, под едно име – Република Македонија.
Вечно ќе ги славиме и ќе се сеќаваме на хероите, Хаџи Николов, Поп Арсов, Груев, Татарчев, Димитров и Батанџиев.
Денес, нивниот сон за слободна и независна Македонија е реалност.
Но, слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано.
Затоа, обврска на нашата генерација е да не дозволиме нашата слободна, и независна држава Република Македонија да биде обезличена.
Без почит и слава кон минатото и македонските револуционерни, без свој идентитет и самосвест нема ниту просперитетна сегашност, ниту ќе има подобра иднина.
Нека ни е светол и вечен Денот на македонската револуционерна борба.
Да живее Република Македонија! – напиша Иванов на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер…
Хенри Кисинџер важи за комплексна и контроверзна…
Чомовски, Тричковски и Иванов: Оркестрирано сите yдpија…
Никола Димитров си стави мета на грбот…