ИВЗ го поддржува протестот на МПЦ-ОА, но нема да присуствува
Исламската верска заедница го поддржува протестот кој денеска го организира МПЦ-ОА против законите за родова еднаквост и матична евиденција, но нема да учествува на собирот пред Соборниот храм Свети Климент најавен за денеска во 18 часот иако свештенството јавно ги повика да присуствуваат и претставниците на другите верски заедници Македонија, изјавија од ИВЗ за „Слободен печат“.
-Исламската верска заедница ги информира верниците и јавното мислење дека нејзиниот став во однос на предложените закони од граѓанската област, кои отворија дебата во последните денови, е пред се заштита на традиционалните семејни вредности и по структура и по морал. Заштитата на семејството и човечкиот ген е основен принцип од кој не можеме да се оградиме, бидејќи тоа е сржта на здравото општество, нагласија од ИВЗ.
Исламската верска заедница и претходно излезе со став дека ја поддржува одлуката на сите поглавари на верски заедници во земјава, која дојде како резултат на заедничката средба од 07.05.2023 година, при што беше истакнато дека законите за кои станува збор се спротивни на принципите на религиозните заедници и нема да бидат поддржани.
-Историски гледано, во минатото, во моментов и во иднина, ИВЗ секогаш ќе застане во одбрана на националните верски, морални и духовни вредности, бидејќи заштитата на овие вредности е верска обврска за заштита на човечкото општество. Секоја иницијатива, која било идеја или правен принцип што е во спротивност со човековата природа е неприфатлива за ИВЗ. Според информациите со кои располагаме, спорните закони во Собранието се повлечени од понатамошни процедури и за ова и честитаме на Владата за преземањето на таквиот чекор, нагласуваат од ИВЗ.
Минатата недела ИВЗ организираше мини протестен собир против Парадата на гордоста која во саботата се одржа по четврти пат во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Владиката Петар низ солзи и на…
Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски…
(Видео) Честитка од поглаварот на ИВЗ за…
Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул…
На денешен ден во 1986 година загина…
На денешен ден, 15 јуни, во 1986…
Струмичкиот митрополит Наум: Вселенската патријаршија не бара…
Струмичкиот митрополит Наум, во интервју за порталот…
Владиката Петар: Се виде дека барањата на…
И за владиката Петар се неприфатливи трите…