ИВЗ смета дека Владата ја фаворизира МПЦ-ОА: Извештај на Стејт департментот за верските слободи

t

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денеска го презентираше редовниот годишен извештај на Стејт департментот за верските слободи во светот.

Во делот за Македонија се вели дека Уставот на земјата забранува верска дискриминација и предвидува слобода на религијатa и верското изразувања. 

За Македонија во извештајот за 2021 година се нотира дека Министерството за правда и другите владините министерства дискутирале за амандманите на законот од 2007 година со кои се уредуваат религиските слободи што би овозможило поголемите верски заедници да се стекнат со статус на „правни ентитети“, но Министерството за правда повторно ги одложило консултациите со верските групи за амандманите. 

На 18 февруари, Исламската верска заедница во Македонија (ИВЗ) јавно ја осудила официјалната регистрација од страна на Владата на Исламската салафи заедница во декември 2020 година, со назнака дека тоа би било штетно за единството на муслиманите во земјата. 

Водачите на ИВЗ рекле дека последователно се подобриле односите со Владата во Скопје по средбата во јануари меѓу поглаварот на ИВЗ, Реис Шаќир Фетаху и претседателот Стево Пендаровски, но дека некои владини министерства и судството продолжувале да се однесуваат кон нив неповолно. 

Скопска Апелација го отфрлилабарањето за регистрација на Православната Охридска Архиепископија бидејќи пријавата не била поднесена до крајниот рок, се вели во извештајот.  

Од извештајот се дознава дека ИВЗ  смета дека Владата продолжила да ја фаворизира Македонска православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), а помали верски групи продолжиле да пријавуваат нееднаков третман на Владата во споредба со петте уставно именувани религиозни групи. 

Официјалните претставници на ПОА продолжија да посочуваат дека нивното свештенство и членовите на нивните семејства често биле мети на навреди во медиумите и жртви на физички напади од поединци сметани за блиски до МПЦ-ОА, се наведува извештајот. 

Понатаму се вели дека Бекташијата (во Тетово) и натаму ги оспорува тврдењата на ИВЗ за целосна сопственост и планира да го реновира Харабати баба теќе, комплекс што бектешката (тетовска) заедница го користеше како свој штаб. 

Македонските медиуми објавиле инцидент на вандализам врз манастир кој се наоѓа во мнозинско муслиманско подрачје и 18 инциденти на кражби од цркви во текот на годината. Од МПЦ-ОА за кражбите и вандализмот навеле дека не веруваат во верски мотиви зад инцидентите. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Владиката Петар низ солзи и на…

Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски…

(Видео) Честитка од поглаварот на ИВЗ за…

Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул…

На денешен ден во 1986 година загина…

На денешен ден, 15 јуни, во 1986…

Струмичкиот митрополит Наум: Вселенската патријаршија не бара…

Струмичкиот митрополит Наум, во интервју за порталот…

Владиката Петар: Се виде дека барањата на…

И за владиката Петар се неприфатливи трите…