Идеалите на Гоце Делчев се патоказ на нашата прогресивна Влада, вели Ковачевски

t

Идеалите на Гоце се патоказ на Владата, вели премиерот Димитар Ковачевски по повод 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

-Денешниот датум, 4 мај, останува врежан во историјата како поука дека силата и иднината се во единството. Поука на која не потсетува нашиот визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев.

Идеалите на Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, се патоказ за низата генерации македонски револуционери кои се вградени во македонската државност.

Тие се и наш патоказ, како прогресивна Влада, којашто посветено работи на изградбата на Македонија во еднакво општество за сите и европски дом за сите граѓани, интегрирани меѓу најдемократските сојузи НАТО и ЕУ. – напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…