Идентитетот бетон: Бујар Османи споделува интервју во кое е претставен како „северномакедонски“ министер

t

По потписот на Преспанскиот договор, Министерството за надворешни работи ја презеде обврската да реагира на секоја употреба на придавката „северномакедонски“ (народ, јазик, репрезентација, министер, претседател…). Тоа се правеше на почетокот, МНР имаше десетици реакции до светските медиуми… и толку. Денес очигледно дека веќе никој не се занимава со ова прашање, и згора на тоа, актуелниот македонски министер за надворешни работи Бујар Османи, на својот официјален фејсбук-профил си шерува интервју во кое тој е претставен како „северномакедонски министер“, пренесува МКД.мк

Министерството за надворешни работи јавно се обврза дека ќе реагира секогаш кога ќе се увиди несоодветна (спротивна на Преспанскиот договор) употреба на термините, имајќи предвид дека употребата на зборот „северномакедонски” многу често се користи во светските медиуми, па и од страна на некои влади.

По потпишувањето на Преспанскиот договор (2018 година) тогашниот премиер Зоран Заев и поранешниот шеф на македонската дипломатоја Никола Димитров ја убедуваа македонската јавност дека македонскиот идентитет е забетониран, дека употребата на македонски не е забранета.

Тогаш, по потпишувањето на договорот во Нивици, претставници на Владата ги убедуваа македонските новинари дека власта едноставно нема да го дозволи ова. Беше дадено дури и упатство (кое се уште е на интернет страницата на МНР) како во иднина не треба се употребуваат овие атрибути. Ова упатство им било поделено и на странските новинари. Од Министерството за надворешни работи велеа дека веќе е почната нивната акција за постојано надгледување на употребата на овие придавки по светските медиуми и нивно укажување да се држат до упатството.

Четири години потоа министерот за надворешни работи споделува на својот фејсбук-профил такви текстови.

Извор: МКД.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…