Идентификувани уште шест лица од групата која упадна на изложбата на Сергеј Андреевски во Солун
Грчката полиција идентификувала уште шест лица од групата која кон крајот на април годинава упадна во уметничка галерија во Солун каде што беше поставена изложбата на македонскиот сликар Сергеј Андреевски.
Како што информираат, идентификувани се пет мажи и една жена, сите грчки државјани на возраст од 20 до 44 години.
Против нив е покренат предмет за противзаконито насилство, кривично дело со расистички карактеристики и за поттикнување на извршување кривични дела, дела на насилство или раздор против лице врз основа на национално потекло.
„Петмина од горенаведените, заедно со пет веќе идентификувани лица и уште тројца соучесници, дејствувајќи како група со обединети сили, ментална поврзаност и националистички мотиви и со скриени лични карактеристики, упаднаа со закачување печатен материјал и повикувајќи го уметникот да ја прекине изложбата“, појаснуваат од грчката полиција.
Полицајците од Одделот за борба со расистичкото насилство на грчката полиција во Солун, на почетокот на мај идентификуваа пет лица, кои биле вклучени во упадот во галеријата.
Како што објави на 26-ти април грчката телевизија ЕРТ, повеќе маскирани лица со фантомки на главата, влегле во галеријата Ремецо, го натерале сликарот да ги тргне уметничките и му рекле дека не смее да ги презентира.
Маскираните потоа со лента го „запечатиле“ просторот пред влезот на галеријата и залепиле налепници со симболот на „Златна зора“.
Во врска со инцидентот реагираа и од македонското Министерство за надворешни работи (МНР), од каде што информираа дека ја повикале грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду, на која ѝ биле упатени очекувањата дека ќе бидат преземени сите мерки од страна на властите во Грција за откривање на сторителите.
Членови на Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беа дел од грчкиот парламент, но во 2020 година со судска пресуда, партијата е прогласена за криминална организација, а нејзиното раководство, поранешни пратеници и членови издржуваат затворски казни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Суд во Солун доби коверт со експлозив
Експлозивен материјал содржел сомнителниот коверт откриен денеска…
Хорор во Солун: Албанец до смрт ја…
Бремената Албанка Џорџија (41) од Солун била…
(Видео) „Македонско девојче“ ечи на улиците во…
„Македонско девојче“ ечи на улиците во Солун.…
(Видео) Македонска народна музика ечи низ улиците…
Низ улиците на Солун ечи народна македонска…
Моника Белучи на Филмскиот фестивал во Солун
За проекцијата на филмот „Марија Калас писма…