ИДФ: Бројот на потврдени заложници држени од Хамас се искачи на 239
Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, вели дека војската досега ги известила семејствата на 239 заложници дека нивните најблиски се чуваат во Појасот Газа, пренесуваат израелските медиуми.
Тој посочи дека бројката не е конечна, бидејќи војската истражува нови информации.
„Меѓу заложниците има и странски работници, ни треба време да дојдеме до семејствата на сите, вели тој.
Хагари додаде дека бројот на исчезнати лица чија судбина засега е непозната во моментов изнесува 40.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан, пак, денеска го обвини Хамас за „психолошка манипулација“ со заложниците што ги држи, откако исламистичкото движење соопшти дека е подготвено да ги ослободи во замена за сите палестински затвореници затворени од Израел.
„Приказните објавени од Хамас се дел од нивната психолошка манипулација и тешко го оптеретуваат целиот народ на Израел. Хамас цинично ги користи оние за кои се грижиме, ја разбира болката и притисокот што ги предизвикува“, рече Галан при приемот на претставниците на семејствата на заложниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…