ИЗБЕГАЛЕ ОД ИДРИЗОВО, ГИ НАШЛЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Полицијата фатила двајца осуденици на улица Орце Николов!
Денеска (30.05.2023) околу 15.45 часот на ул. Орце Николов во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба ги лишиле од слобода Б.О.(56) од Гостивар и Е.М.(29) од с.Франгово, струшко. Околу 14.30 часот тие избегале од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувале затворски казни.
Б.О. бил осуден на казна од 11 години и 8 месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а има за доиздржување уште пет години, додека Е.М. бил осуден на казна затвор од девет години за сторени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик и има за доиздржување уште четири години од казната.
Тие биле со патничко возило и кај нив биле пронајдени и одземени 120.000 денари. Лицата ќе бидат спроведени во казнено-поправната установа за доиздржување на казните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…