Изборите во Бугарија се’ поизвесни: Трифонов нема да преговара за формирање влада
Лидерот на „Има таков народ“ и забавувач Слави Трифонов во специјална изјава што ја пренесе неговата ТВ 7/8 и објавена на Фејсбук се истакнува дека на неговата партија не ѝ е место во овие бесмислени лицемерни преговори, јави дописникот на МИА од Софија.
Трифонов истакна дека нема да учествува во лицемерна влада и оти неговата партија нема да даде поддршка и повика на предвремени избори. Неговата изјава уследи по состанокот на пратеничката група на „Демократска Бугарија“ од Народното собрание, што беше пренесуван во живо без исклучени микрофони.
Во снимката, заменик-претседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов на својата пратеничка група објаснува дека во Бугарија ќе има предвремени избори околу 16 октомври. Снимката се појави на социјалните мрежи и медиумите и наиде на многу коментари за слобода на говор.
На средбата Иванов рече дека лидерката на БСП Корнелија Нинова ќе го задржи третиот мандат најдоцна до 15 август, додека не се изберат претседателите на Антикорупциската комисија и на Комисијата за регулација на енергетика и води.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…