Изборите ќе бидат во редовниот термин во 2024 година
СДСМ има и државнички и државотворен капацитет, отворена е за секого и секогаш без разлика кој на каква позиција се наоѓа во партијата или во државата. Од тој аспект беше формирано едно тело за подготовка на активности, меѓутоа клучна цел е обединување на сите прогресивни сили се со цел да бидат донесени потребните одлуки за државата а во насока на зачленување на Македонија во ЕУ до 2030 година, рече во интервју за Сител Телевизија претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за последните внатрепартиски настани и активности.
Вие доколку ја погледнете сликата од самиот состанок забележавте дека таму имаше 3-ца премиери всушност. Еден актуелен, еден поранешен и еден технички премиер, поранешен генерален секретар на партијата, потпретседатели на партијата – луѓе кои имаат големо искуство и партиско но и во извршување на државни функции. Од тој аспект беше формирано едно тело за подготовка на она што следат како активности, меѓутоа целта клучна е како што беше објавено е обединување на сите прогресивни сили се со цел да бидат донесени потребните одлуки за државата а во насока на зачленување на Македонија во ЕУ до 2030 година, рече Ковачевски.
Формирани се и комисиите на СДСМ, предводени од заменик претседателката Сања Лукаревска коишто веќе работат на подготовка на програмата, додаде Ковачевски
-Изборите ќе бидат редовни, во 2024 година, меѓутоа сметам подготовката на програмата на СДСМ е еден процес во којшто ќе бидат вклучени, покрај партиските комисии и општински организации, пред се и граѓаните. Следуваат активности кои веќе започнаа преку програмски трибини на СДСМ во различни области кои се однесуваат на предлози и идеи од различни заинтересирани групи, целни групи и граѓани кои подоцна ќе бидат вградени во текот на изработката на самата програма за 2024 година, рече претседателот Димитар Ковачевски во интервју за Сител Телевизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…