Избрани две нови судијки во Врховниот суд

t

Анита Бошковска и Катерина Георгиевска се избрани за судијки во Врховниот суд од граѓанска област.

На денешната 436-та седница на Судскиот совет со 74 бода судијката  Бошковска доби десет гласа „за“ и два против, исто како и второрангираната со 68,4 бода  Георгиевска.

Од граѓанска област пријавени беа пет кандидати. Судскиот совет согласно закон судиите ги избира со најмалку осум гласа „за“ од судиите со право на глас и гласа од прворангираниот се до изборот на потребниот број судии согласно објавениот оглас. Останатите кандидати беа Елизабета Дуковска со 64,8 бода, Роза Георгиева со 55,5 бода и за Енвер Беџети со 53,3 бодови.

Од кривична област, од пријавените пет кандидати Зоран Димитриевски доби четири гласа „за“ и осум против, Данка Ристова шест гласа „за“, шест против, Татјана Дукоска четири гласа „за“ и осум против, Енвер Беџети четири гласа „за“ и осум против и Енвер Амзаи, исто така четири гласа „за“ и осум против.

Ова е прв избор на судии во повисок суд, по новите критериуми за оценка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анита од Берово го победи туморот и…

„На 27 години се соочив со најлошата…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…