„Извинете браќа Македонци“ – реакции од Србија откако Вучиќ се шеташе меѓу пациентите со изгореници
Жестоки реакции кај српската и македонската јавност предивика претседателот на Србија, Александар Вучиќ со појавувањето со камери во болницата каде што се сместени пациентите од пожарот во Кочани. Тие се со изгореници и беа испратени во Белград за да добијата подобар третман и лекување.
„Извинете браќа Македонци. Сега знаете против што се бориме овде. Прифатете го моето искрено сочувство и се надевам дека овој немил инцидент нема да предизвика никакви компликации за повредените деца кои се на лекување овде во Србија“, вели еден Србин во една од бројните реакции на социјалните мрежи.
Ги пративме да ги лечат, а не со нив да се прави ПР велат дел од Македонците кои исто така реагираат на фотографиите од Вучиќ во болницата.
Никаде каде што има пациенти испратени по пожарот во Кочани не видовме политичари освен во Србија. Секаде има само соопштенија или лекари од болнците даваат изјави за медумите, но надвор од болнците, се потенцира во една од реакциите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…