Извршена втората исплата за поддршка на настраданите во Кочани

t

Заклучно со денешниот ден во апелот на Црвениот крст на РСМ за настраданите од пожарот во Кочани собрани се 112.595.482,00 денари. Досега Црвениот крст на РСМ изврши првична исплата на средства на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство и во земјата. Денес е извршена и втората исплата за поддршка на настраданите семејства од трагичната несреќа во Кочани. Од двата трансфери вкупно се исплатени 60.850.000,00 денари од досегашните донирани средства.

Во соработка со внатрешните професионални институции во државата, како и надлежните министерства и Владата, кои ги покриваат прашањата на проценките на видовите на штети во вакви ситуации, се работи на изнаоѓање на пристап кој ќе се примени во понатамошна дистрибуција на средствата кои се собираат во  Црвениот крст, кој ќе значи реална поддршка во вистинско време за лекување и справување со последиците од катастрофата, за што благовремено ќе ве информираме.

Црвениот крст заедно со нашите партнери продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на настраданото население. Поради сè уште големиот интерес за донирање, апелот за собирање на средства продолжува и понатаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…