Изгореа два контејнера во Дебар Маало

t

Два од големите контејнери за комунален отпад сместени во Дебар Маало, денеска се запалени од непознат стортител, информираат од ЈП „Комунална хигиена“. Едниот од нив е целосно изгорен, додека другиот е значително оштетен, што значи дека овие контејнери повеќе не можат да се употребуваат за одлагање ѓубре.

Контејнерите се лоцирани на улицата Орце Николов, во непосредна близина на Генералштабот и истите се со зафатнина од 3,2 кубни метри. Двата опожарени контејнера се неупотребливи и во најкус можен рок ќе бидат заменети од страна на екипите на ЈП „Комунална хигиена“. Опожарувањето на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и го оневозможува навременото реализирање на активностите предвидени согласно Оперативната програма за работа на ЈП Комунална хигиена-Скопје – соопштуваат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека од почетокот на 2024 година досега се опожарени 22 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад на територијата на Скопје. Притоа, сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени кај надлежните органи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Опожарени две возила во Гази Баба

Две патнички возила „форд“ и „бмв“ со…

Запалени дел од еврејските гробишта во Виена,…

Непознати сторители синоќа запалиле предмети во еврејскиот…

Координирана вандалска акција? За една вечер запалени…

Десетина контејнери се запалени вечерва на булеварот…