ИЗГОРЕА 4 АВТОМОБИЛИ ВО ПОЖАР ВО АВТО СЕРВИС ВО ПРИЛЕП! Се запалил фолксваген, огнот зафатил и ауди, бмв и рено

t

Четири автомобили се зафатени во пожар што избил во авто сервис во Прилеп.

Нема информации за повредени лица.

„На 21.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата Александар Македонски во Прилеп, во авто сервис каде биле паркирани повеќе возила, настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген поло“ со прилепски регистарски ознаки сопственост на Т.Ј.(76) од селото Загирани,прилепско. Од пожарот биле зафатени и други патничко возила: „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на О.Б.(38) од Прилеп, „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на О.Д.(32) од Прилеп и „рено“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Т.Ц.(24) од Прилеп. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп“, соопшти полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

Жена со бугарско потекло загина во Израел

Постара Израелка со бугарски корени загина во…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…