Изгopeа три автомобили на паркинг во Аеродром
На 13.01.2022 во 01.50 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, на паркинг, настанал пожар во три патнички возила. Полициски службеници излегле на лице место и констатирале дека станува збор за патничките возила: „бмв“, сопственост на Р.М.(47) од Скопје, „форд фиеста“, сопственост на Д.Ѓ.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, и „киа“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ј.(60) од Крива Паланка.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а повредни лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сообраќајна несреќа во Аеродром, едно лице е…
Сообраќајна несреќа се случи попладнево во Аеродром…
Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром
На 14.06.2025 година во 19.50 часот во…
Нула нови градинки за 4 години во…
Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја…
НАБАВИЛЕ ОПРЕМА ПО ДВОЈНО ПОСКАПА ЦЕНА! Афера…
Недобронамерници би рекле дека ова е криминал...…
70-годишна скопјанка нападната од сосед на полноќ…
70-годишна жителка на Скопје вчера пријавила во…