Издавачи и издавачки куќи за кои никој не слушнал дека постојат се јавуваат на јавниот повик за учебници по странски јазик

t

Издавачи и издавачки куќи за кои никој не слушнал дека постојат се јавуваат на јавниот повик за доставување за одобрување на учебник по странски јазик за деветгодишно основно образование. Јавниот повик е во завршна фаза, меѓутоа дали основците ќе добијат учебници и дали доколку воопшто добијат учебници ќе бидат квалитетни, е дискутабилно.

Јавниот повик за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик на деветгодишно основно образование е во завршна фаза, се прибираат и анализираат мислењата од рецезентите. Врз основа на истите како и мислењата од Бирото за развој на образоанието, ќе се постапи по член 19 став 10 од Законот за учебници за основно и средно образование, велат од Министерството за образование и наука во одговор на прашањата на Инфомакс во врска со јавниот повик.

На повикот во потесен круг се влезени фирми, а дел од нив не им се познати ниту на издавачи кои во Македонија работат со децении.

Прашавме дали овие фирми се влезени во потесен круг за избор, се работи за Кембриџ, Макмилан, Експрес Паблишинг, МНМ, ЕЛИ, Ројал Хаус Лондон, Делта паблишинг и Хајблинг?

Од МОН одговорија дека најголем дел од наведените фирми преку домашен застапник имаат поднесено свое барање за одобрување на учебник по странски јазик. На објавениот јавен повик задолжително се доставуваат документи предвидени во Член 18 Став 4 од законот, а проверка на исполнетоста на овие услови ги утврдува комисија формирана од министер согласно член 18 став 5. Странските издавачи кои преку домашен застапник ги имаат исполнето условите, се испраќаат до БРО и до рецензенти за стручно вреднување по што се постапува согласно член 19 став 10.

Од МОН не го откриваат составот на работната група која работеше на измените на Законот за учебници за основно и средно образование.

– Со решение на министер формирана е работна група за изработка на нов предлог Закон за учебници, во тек на месец јули 2024 година. Работната група која ја изработи првата нацрт верзија на законот ја сочинуваа претставници на МОН, Педагошка служба, БРО, ЦСОО, наставници, претставници на граѓански здруженија. Првата нацрт верзија беше споделена на владиниот ЕНЕР систем и на интернет страната на МОН и беа повикани сите засегнати и заинтересирани. Веднаш по објавата на ЕНЕР беше одржан состанок со сите издавачки куќи и беа известени и поканети да дадат придонес во унапредување на содржината. Сите пристигнати забелешки беа разгледани и во голем дел прифатени од страна на МОН. Предлог законското решение по прифаќање на бројни забелешки повторно беше поставено на ЕНЕР системот, со цел запознавање на јавноста со истото, стои во одговорот.

Од МОН не откриваат ниту кои поединци, со конкретни имиња или групи работат на методологиите и програмите за предметите во основно и средно образование.

– Доколку прашањето се однесува на изработка или ревизија на наставни програми по предмети, таа активност е регулирана согласно внатрешни процедури и документи на Бирото за развој на образованието. Притоа, соработниците кои учествуваат во подготовката на наставните програми се избираат транспарентно, преку јавен оглас, врз основа на јасно утврдени критериуми, меѓу кои се предвидено кандидатите да бидат наставници од основното или средното образование или универзитетски професори/соработници од соодветната научна област. Работните групи секогаш се водени од советник на Бирото за развој на образованието кој е стручно одговорен за предметната област, со цел да се обезбеди координација, усогласеност и квалитет на содржините.

Доколку се мисли на методологии, концепциски документи, насоки и стратешки рамки (на пример: Концепција за основно образование, Методологија за изработка на учебници и сл.), овие документи се од национален интерес и се во надлежност на Бирото за развој на образованието. Нивната подготовка ја водат работни групи составени од советници на Бирото, при што, во зависност од сложеноста на темата и потребата за специфична стручност, може да се вклучат и надворешни експерти, професионалци од академската заедница или стручни служби на Министерството за образование и наука , велат од МОН.

Министерката Јаневска од опозиција строго го следеше овој процес, а во една прилика праша „Дали некој партиски „подобен издавач“ успеал да обезбеди договор со фирма-човек издавач на учебник за учење на англиски јазик што веројатно е само бледа копија на учебник издаден од престижните издавачки куќи за изучување на англиски јазик? Дали тој ќе набавува учебници по англиски јазик од човек- фирма, наспроти големи познати издавачи куќи?“

Сега се поставува прашањето дали тој партиски подобен издавач и годинава ќе набавува учебници. Дел од издавачите се непознати за јавноста, но и за стручната фела. Компаниите на хартија имаат претставништва во Македонија, но контакт со нивните претставништва во државата не постои, туку се упатува на контакти во странство.

Меѓу другото, не е јасно дали на 1 септември ќе има учебници по странски јазик. Рокот за јавниот повик беше продолжен, со што останува дилемата дали на 1 септември учениците ќе добијат учебници и доколку да, со каков квалитет?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Издавачи и издавачки куќи за кои никој…

Издавачи и издавачки куќи за кои никој…

Костова: Мицкоски е виновен за отворање на…

Единствено Мицкоски и ДПМНЕ се виновни што…

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…