Објавено на:

Издале чек без покритие и злоупотребиле платежна картичкa – Кривична пријава против 12 лица

t

Секторот за компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје  поднесе кривична пријава против 12 лица, од кои 10 лица државјани на Република Македонија и две лица државјани на Р.Косово за сторено кривично дело  „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка”, предвидено и казниво по член 274 ст.2 од КЗ и кривично дело „соизвршителство”, предвидено и казниво по член 22 од КЗ, а во врска со член 274 ст.2 „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка”.

Имено, пријавените во текот на јануари 2023 година извршиле злоупотреба на платежни картички (purchase refund fraud) издадени од банка во Македонија на начин што истите користеле активни странски компании (со физички или виртуелен терминал) преку кој се иницирале неовластени авторизации за враќање на средства (refund), кои трансакции кај банката не се испраќале како трансакција за книжење, па според тоа немало влијание на реални трансакции на продажното место, но на друга страна нереално се зголемувала состојбата на сметката на платежната картичка која се користи за трансакцијата за износот на направената рефундација.

На тој начин пријавените како корисници на платежни картички ги користеле овие средства за сопствени потреби и неовластено се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 10.719.807 денари, а за истиот износ ја оштетиле банката издавач на платежните картички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Издале чек без покритие и злоупотребиле платежна…

Секторот за компјутерски криминал при МВР до…

Синдикатот на полицијата во Македонија поднесе кривична…

Денес Синдикат на Полиција во Македонија -…

Кривична пријава за скопјанецот кој запали стан…

МВР поднесе кривични пријави против две лица…

Кривична пријава за насилник од Битола, одреден…

Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното…