Излета комбе во Црна Гора, еден загинат и 17 повредени
Едно лице загина, а 17 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што денеска се случи на главниот пат Котор–Никшиќ, кај местото Липци, јавуваат црногорските медиуми.
Несреќата се случила кога патничко комбе излетало од коловозот околу 13:40 часот.
Во спасувачката акција учествувале 20 пожарникари со шест возила.