Излив на демократија или скриени планови? Албанските партии бараат да се отстрани квотата од 20% за Албанците – Уставот мора да претрпи измени
Според Аријанит Хоџа од Беса, формулацијата со проценти е навредлива и нејзиното отстранување како правен термин ќе ја зголеми довербата меѓу заедниците во државата.
Партиите на Албанците најавуваат дека во првата наредна можност, кога ќе се отвори Уставот, ќе бараат од него да се тргне квотата од 20 проценти со која, според нив, се опишува албанскиот јазик. Според Уставот, официјален јазик во Република Северна Македонија е македонскиот, а покрај него, во службена употреба во органите на државната управа може да се користи и јазик на кој зборуваат најмалку 20 отсто од жителите во одредена локална самоуправа.
Ова прашање беше актуализирано во неколку наврати изминативе години. По објавување на резултатите од пописот, неколку лидери на партиите на Албанците ја повторија заложбата да се брише формулацијата „20 отсто“.
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети изјави дека „има добра волја од сите партии за ова прашање“.
– Формулацијата 20 проценти треба добро да се објасни. Тоа е инсталирано во Уставот како момент за да се постигне компромис, бидејќи 20 проценти во Уставот на државата не го ризикува унапредувањето на прашањата поврзани со Албанците. Сме направиле компромис и сме биле сигурни дека со текот на времето ќе дојде подобар момент ова прашање да се промени, има политичка волја од сите страни. Првиот момент кога ќе се отвора Уставот за други прашања, треба да се регулира и ова прашање – изјави Ахмети.
Според Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците, уставните измени не треба да зависат од резултатите на пописот. Според него, Уставот треба да претрпи измени.
Според Аријанит Хоџа од Беса, формулацијата со проценти е навредлива и нејзиното отстранување како правен термин ќе ја зголеми довербата меѓу заедниците во државата.
– Апсолутно во секоја иницијатива за отворање на Уставот, ние ќе го отвораме ова прашање и ќе работиме да се најде решение. Но, за да се отвори Уставот, потребни се 80 гласови во Собранието, за кои треба политички консензус – изјави Хоџа.
Претседателот на Алтернатива Африм Гаши за Дојче веле изјави дека формулацијата од „20 проценти“ е навредлива и очекува партии на Македонците да предложат резолуција со која ќе се побара промена на оваа формулација.
Лидерот на Партијата за движење на Турците (ТХП) Енес Ибрахими вели дека во случај да се отвори Уставот и да се отстрани квотата 20 проценти, тогаш нивната партија ќе бара начин да се заштитат правата на сите заедници во државата.
– Во случај да има уставни промени, ние ќе бараме да се најде начин или модалитет за користење на турскиот јазик како службен јазик во општините каде што оваа заедница е мнозинство или е над 20 проценти – изјави Ибрахими за „Слободен печат“.
„Ставот на СДСМ е јасен, за какви било измени на изборниот модел, иницијативи за уставни измени или слично, потребен е широк политички и општествен консензус“, одговорија од СДСМ на прашање од „Слободен печат“.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…
ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…
„ДУИ како државотворна партија е гарант за…
ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…
Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…
ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…
По сериозните закани и насилни пораки упатени…
ДУИ КОНТРА ВЛЕН ЗА „АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА“: Квази…
И ова се случи, во екот на…