Измама: Скопјанец купувал пченка на фејсбук, платил 1000 евра, но не сакале да му ја дадат

Откако се договориле за сумата и местото на кое ќе му биде донесена пченката, пријавувачот ја исплатил договорената сума на лице испратено од пријавениот, но кога пристигнал на местото да си ја земе пченката, друго лице не му ја дало, бидејќи наводно не му било платено, соопшти СВР Куманово.
Скопјанец се договорил да купи и да исплати 1.000 евра за пченка, откако видел оглас на социјалната мрежа Фејсбук, но кога требало да ја подигне на лице место таа не му била дадена затоа што наводно не ја платил. Тој потоа се пожалил во полицијата.
– Вчера во 20:45 во СВР Куманово, 33-годишен маж од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1.000 евра. Според пријавеното, лицето преку социјална мрежа објавило оглас за продажба на пченка, по што откако се договориле за сумата и местото на кое ќе му биде донесена пченката, пријавувачот ја исплатил договорената сума на лице испратено од пријавениот, но кога пристигнал на местото да си ја земе пченката, друго лице не му ја дало, бидејќи наводно не му било платено, соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…
Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…
Кој се плаши да види колку народ…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Марш за одговорност и безбедност во Понеделник…
Инстаграм профилот „Кој е следен“ повика на…
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од…
Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство…